Бајден: Русија треба да биде исклучена од Г-20

Брисел, 24 март 2022 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Русија треба да биде исклучена од Групата 20 индустриски најразвиени земји и економии во светот поради нејзината воена агресија врз Украина.

Зборувајќи на самитот на Г7 во Брисел, Бајден кажа дека западните лидери денеска разговарале и за оваа тема, но не е познато дали сите 20 земји ќе се согласат на тоа.

„Мојот одговор е да“, рече американскиот претседател на прашањето дали Русија треба да биде исклучена од Г20, пренесуваат британските медиуми.

Бајден додаде дека на Украина треба да ѝ се дозволи да присуствува на состаноците на Г-20.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци
- Реклама -