Столтенберг: Русија мора да знае дека никогаш нема да може да победи во нуклеарна војна

„Русија мора да престане да ‘ѕвечка’ со нуклеарно оружје. Тоа е опасно и неодговорно“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, на прес-конференција пред утрешниот Самит на Алијансата, коментирајќи ја изјавата на портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку се загрози нејзиното постоење.

„НАТО е тука да ги штити и брани сите сојузници, а ние ѝ пренесовме јасна порака на Русија – во нуклеарна војна не може да се победи, и поради тоа не треба ни да се започнува… Ова само ја нагласува важноста да се стави крај на војната во Украина. Мораме да направиме сè што можеме за да спречиме војната да ескалира надвор од границите на Украина и да стане посмртоносна и поопасна од она на што сме сведоци денес. Секоја употреба на хемиско, биолошко, нуклеарно оружје ќе ја промени природата на конфликтот, а Русија мора да знае дека никогаш нема да може да победи во нуклеарна војна“, рече Столтенберг.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Извор: МИА

- Реклама -