Столтенберг: Сојузниците се загрижени дека Кина може и материјално да ѝ помогне на Русија

Западните сојузници се загрижени дека Кина може да обезбеди материјална поддршка на Русија за нејзината војна во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, на денешната прес конференција пред утрешниот Самит на Алијансата.

„Кина ѝ даде на Русија политичка поддршка, вклучително и со ширење бесрамни лаги и дезинформации, а сојузниците се загрижени дека Кина може да обезбеди материјална поддршка за руската инвазија“, информира Столтенберг.

Тој додаде дека лидерите на НАТО што утре ќе присуствуваат на вонредниот самит во Брисел „ќе ја повикаат Кина да ги исполни своите одговорности како членка на Советот за безбедност на ОН, да се воздржи од поддршка на руските воени напори и да се придружи на остатокот од светот во повикот за итен мирен крај на оваа војна“.

Прочитајте и:  Џентилони: Г7 ќе има рамковен договор за заем од 50 милијарди долари за Украина до октомври

МИА

- Реклама -