Кремљ: Ембарго на руската нафта директно ќе ги засегне сите

Москва, 21 март 2022 (МИА) – Ембарго на увозот на руска нафта, што го наметнаа некои европски држави поради воената интервенција во Украина, директно ќе ги засегне сите, соопшти денеска официјален Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред медиумите изјави дека ембаргото за нафта е „одлука што ќе ги погоди сите“.

Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на разговори за проширување на санкциите против Русија, меѓу кои и за забрана на увоз на руска нафта.

Прочитајте и:  Павел: Нема мир во Украина без Русија и Кина на преговарачката маса
- Реклама -