Вучиќ: Ќе биде „целосна катастрофа“ ако Бугарија ја запре испораката на гас од Русија

Белград, 14 март 2022 (МИА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека за Србија ќе биде „целосна катастрофа“ најавата на Бугарија дека ќе го затвори гасоводот доколку Русија почне да плаќа транзит во рубљи, јави Бета.

„Тоа за нас е целосна катастрофа. Сите други ќе добијат нешто. А ние немаме каде да добиеме ништо, освен преку Берегово од Унгарија или преку Балкански поток од Бугарија. А, ако го откажат, не знам што ќе правиме“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека најавата пристигнала „како гром од ведро небо“.

Вучиќ рече дека Србија ќе продолжи да се труди да купи што е можно повеќе гас, но дека тоа не е доволно за подолг период.

Прочитајте и:  Вучиќ: Србија и Русија се договорија за заедничкo одбележување на ослободувањето на Белград

„Го изградивме системот (гасовод), плативме милијарда и пол. Направивме сѐ и ништо не зависи од нас“, изјави Вучиќ.

- Реклама -