Русија ќе испрати најново оружје и опрема во Белорусија

Русија потврди дека во блиска иднина на Белорусија ќе ѝ испорача најново оружје и воена опрема, соопшти белоруската новинска агенција „БелTA“.

Како што посочува агенцијата, тоа е дел договорот постигнат на вчерашната средба во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко.

„БелТА“, исто така, информира двајцата лидери, на состанокот во Кремљ, се договориле за заеднички чекори за меѓусебна поддршка во справувањето со западните санкции, вклучително и цените на енергенсите.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст
- Реклама -