Зеленски пред британскиот Парламент: Нашата војна е како вашата борба против нацистите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска преку видео врска оддржа говор пред британските политичари, јави Би-Би-Си.

Тој на пратениците во британскиот Парламент им се обрати „како на граѓани, како претседател на голема земја, со сон“.

Тој ја спореди борбата на Украина против Русија со британските воени напори против нацистичка Германија во Втората светска војна.

„Не сакавте да ја изгубите земјата кога нацистите сакаа да ви ја земат. Моравте да се борите за Британија“, рече Зеленски.

Тој посочи дека неговите луѓе покажале херојски напор против руските сили.

„Гранатирањето не нѐ скрши“, истакна тој пред пратениците, порачувајќи дека тој и Украина ќе се борат до крај:

„Ќе продолжиме да се бориме за нашата земја без разлика на цената. Ќе се бориме во шумите, на полињата, на бреговите и на улиците. Украина нема да се откаже и нема да загубиме“, рече Зеленски.

Прочитајте и:  Подољак: Украина ќе престане да испорачува руска нафта и гас во Европа

МИА

- Реклама -