Путин: Немаме никакви лоши намери кон соседите, ако не соработуваат самите си наштетуваат

„Би сакал да потенцирам уште еднаш: Ние немаме… и отсекогаш сме го зборувале тоа… ние немаме лоши намери кон нашите соседи. И јас би сакал да ги советувам да не ја ескалираат оваа ситуација, да не ги ‘подгреваат’ нештата и да не воведуваат рестрикции, бидејќи ние ги исполнуваме сите наши обврски и ќе продолжиме да го правиме тоа“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во видео обраќањето за време на церемонијата на кревањето на руското знаме на траектот „Маршал Рокосовски“.

„Не гледаме потреба да ги влошуваме нашите односи или да ја ескалираме ситуацијата. И сѐ што правиме единствено го правиме како одговор на некои непријателски постапки против Руската федерација. И сметам дека секој треба да размислува како да работи нормално, како да соработува на вообичаен начин“, порача Путин, посочувајќи дека проектите како овој, алудирајќи на траектот „Маршал Рокосовски“, ја зголемуваат независноста на руската логистика. „И ние ќе продолжиме да работиме на тоа“, додаде тој.

Како што рече Путин на почетокот на обраќањето, траектот е резултат на „најнова врвна технологија“ и може да плови сам во секакви услови, без да му биде потребен мразокршач. Тој посебен акцент стави на тоа дека иако е меѓународен проект со учество на бројни странски партнери, бродот бил изграден од исклучиво руски дизајнерски бироа и исклучително врз основа на руска иновација. Според него, со овој траект ќе се зголеми капацитетот на транспорт за 1.5 пати и тоа ќе придонесе во развој на руската индустрија и руските компании и подобар живот за руските граѓани.

Прочитајте и:  Павел: Нема мир во Украина без Русија и Кина на преговарачката маса

Надоврзувајќи се на оваа поента, на крајот на обраќањето Путин повторно се наврати на актуелната ситуација околу „специјалната воена операција“ во Украина, конкретно на реакцијата на другите земји кон Русија во однос на истата.

„Сме покажале безброј пати и подготвени сме да покажеме пак; Ако некој не сака да соработува со нас, да работи заедно со нас, и да си наштети самиот себе… се разбира, тие нѐ повредуваат и нас, но во што… ќе мораме да поместиме некои проекти надесно на временскиот тајмлајн, ќе ни треба одредено дополнително знаење, дополнителна експертиза во многу области, на пример во иновацијата, но ние сепак ќе ги постигнеме целите кои ги имаме. Ќе го постигнеме тоа. И на крајот, ќе добиеме од сето ова, бидејќи ќе имаме повеќе експертиза и искуство. Способни сме да го решиме ова. Користејќи ги најновите врвни иновациски и стандарди на самоодржливост, треба да продолжиме да се развиваме во насока на тоа нашите сопствени дизајни, нашите сопствени проекти да ни овозможат нашите луѓе да живеат на високо ниво и да имаме одржлива економија. И овие цели – ние ќе ги постигнеме“, рече Путин.

- Реклама -