Изгласан новиот закон во Русија: 15 години затвор за „ширење на лажни вести“ за руската армија

Москва, 4 февруари 2022 (МИА) – По Думата, и Горниот дом на рускиот Парламент денеска го изгласа предлог-законот со кој се предвидува затворска казна до 15 години за „намерно ширење на лажни информации“ за руската армија.

Законот ќе стапи во сила кога ќе го потпише претседателот на Русија, Владимир Путин. Се претпоставува дека тоа ќе се случи многу набрзо.

Според официјална Москва, со законот ќе се возврати нападот во „информациската војна“ што Западот ја води против Русија поради инвазијата врз Украина.

Руски претставници повеќепати повторуваа дека руските непријатели, како САД и нивните сојузници, шират лажни инфорамции во обид да го поделат рускиот народ.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата
- Реклама -