Путин: На Украинците им се испрани мозоците, ние сме еден народ; Руските војници постапуваат како вистински херои

Паралелно со денешната втора рунда од преговорите помеѓу Русија и Украина на полско-белоруската граница, рускиот претседател Владимир Путин се обрати пред рускиот Совет за национална безбедност.

Како што пренесуваат руските новински агенции, Путин истакнал дека инвазијата се одвива според планот, а руските војници, како што рекол, постапуваат храбро, како вистински херои.

Путин навел и дека Русите и Украинците се еден ист народ, но дека на Украинците им се испрани мозоците, притоа повторувајќи го тврдењето дека Русија се бори против нео-нацисти, а не против Украинците.

„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се ист народ. Но ние се бориме против неонацисти, кои имаат затвореници дури и од Блискиот Исток. Тие користат цивили и странци како жив штит“, рекол Путин.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст

Тој истакнал и дека руската армија обезбедила коридори и за цивилите и и за странските државјани, но дека украинските националисти ја попречуваат евакуацијата на цивилите од областите каде се водат борби.

Путин најавил и помош за семејствата на загинатите и повредените руски војници во Украина.

Извор: МИА

- Реклама -