Ковачевски: Нашето единство во политиката произлегува од собраниските декларации и резолуции

Позициите на земјава во надворешната политика се единствени и јасно позиционирани во рамки на декларациите и резолуциите што се донесени во Собранието, изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање по поставувањето на камен-темелникот на новиот 400 kV далекувод кој ќе тргнува од трансформаторската станица „Битола 2” до македонско-албанската граница.

„Позициите на Република Северна Македонија во однос на единството, како внатре во државата, така и надвор од државата, во меѓународната политика, се многу јасно и чисто дефинирани во нашето уредување и исто така многу се јасно позиционирани во рамки на декларациите и резолуциите коишто се носени во нашето Собрание и на коишто ние се придржуваме. И со тоа можам да ви кажам дека ние комплетно стоиме зад ставовите коишто се изградени во Собранието на Република Северна Македонија“, рече Ковачевски.

Прочитајте и:  Кондов за понудата на Орбан: На Бугарија не и требаат посредници

МИА

- Реклама -