Блинкен ја повика Русија „веднаш“ да ги повлече своите војници од границите на Украина

Вашингтон, 1 февруари 2022 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Русија „веднаш“ да ги деескалира тензиите и да ги повлече своите војници од границите на Украина во разговорот денеска со рускиот колега Сергеј Лавров, соопшти Стејт департментот.

Блинкен „нагласи дека понатамошната инвазија на Украина ќе биде дочекана со брзи и тешки последици“.

Тој ја повика Русија „да тргне по дипломатски пат“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина
- Реклама -