Столтенберг: НАТО има бројни опции за одговор доколку Русија употреби сила против Украина

Рига, 1 декември 2021 (МИА) – НАТО има голем број опции да одговори доколку Русија употреби сила против Украина, вклучувајќи економски, финансиски и политички мерки, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

„Имаме широк спектар на опции за да се осигураме дека Русија ќе се соочи со сериозни последици ако повторно употреби сила против независната суверена нација, Украина“, изјави Столтенберг на прес-конференција во Рига по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Тој исто така рече дека поддршката на НАТО за територијалниот интегритет на Украина „останува непоколеблива“, нарекувајќи го Киев „близок и високо ценет партнер“.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата
- Реклама -