Шилегов ѝ ја предаде должноста на Арсовска

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавањето на функцијата градоначалник каде што досегашниот прв човек на градот Петре Шилегов ѝ ја предаде должноста на новата градоначалничка Данела Арсовска. Изјава по настанот даде само Шилегов, кој истакна дека ја запознал Арсовска со основните битни работи.

„Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот, која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе ѝ помогнат да има успешна работа“, рече Шилегов.

Од тимот на Арсовска најавија дека во следните денови новата градоначалничка на Скопје ќе ѝ се обрати на јавноста преку новинарите.

Шилегов, во својство на член на СДМС, ги коментираше и последните политички случувања со мнозинството во Собранието, при што рече дека она што се случувше во текот на викендот повеќе било замајување на јавноста, забава на јавноста и обид да се остане некако во политичка игра. Во текот на неделата, како што посочи Шилегов, ќе се одржи седница на Извршниот одбор на партијата на која многу од работите ќе бидат разрешени.

МИА

- Реклама -