„Денес на координативна средба политичките партии – ЛЕВИЦА, ВМРО-ДПМНЕ, АЛИЈАНСА, АЛТЕРНАТИВА и БЕСА договорија пад на Владата СДСМ-ДУИ“, соопштија и од Левица.
„Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција!“, велат од партијата.
Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба – во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка, се посочува во соопштението.
Од Левица потенцираат дека овој договор никако не значи коалицирање, туку има единствена цел – да се урне, како што велат, хибридниот режим на ДУИ и СДСМ.
„Левица и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно како единствен политички претставник на македонската угнетена класа“, нагласија од партијата.
За идните избори, и за тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство, додаваат тие.