СДСМ: „Левица не сака да им се оддаде почит на борците против фашизмот, граѓаните им завртеа грб“

„Левица не сака да им се оддаде почит на борците против фашизмот, граѓаните им завртеа грб“, реагираат преку медиуми од владејачката СДСМ, по денешниот инцидент на одбележувањето на Денот на народното востание – 11 Октомври, предизвикан од активисти на Левица кои го „окупираа“ меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ во Прилеп.

Имено, десетина партиски активисти на Левица денеска застанаа пред споменикот и го попречуваа патот на државните делегации кои пристигнаа во Могила да положат цвеќе и оддадат почит на народните херои, поради што истите мораа да ги заобиколуваат. Притоа, упатени беа и лични критики и навреди до премиерот Зоран Заев во моментите кога тој положуваше цвеќе.

„На овој начин активистите на Левица покажаа непочитување не само кон институциите на државата, туку и кон хероите кои загинале за создавањето на државата во време на Народно ослободителната војна. Да се злоупотребува празник и да се окупира антифашистичко обележје за партиски цели, патем со цигара в рака, не е чин кој би довел до повеќе гласови на контото на Левица. По сѐ изгледа партијата, која навидум се декларира за левичарска, сѐ почесто одбегнува од курсот, па се обиде да спречи да им се оддаде почит на партизаните, што во заблуда ги доведува и сопствените гласачи“, порача од СДСМ, додавајќи дека присутните не дозволиле да бидат дел од театарот на партиските активисти од Левица.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе донесеме нов Кривичен законик, но согласно европските стандарди, а не според нечии потреби
- Реклама -