Бајден: Проширувањето на ЕУ да продолжи, вклучувајќи ја и Северна Македонија

Претседателот на Соединетите Американски Држави – Џозеф Бајден, вчера зборувал телефонски со претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, и нагласил дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан и да ја вклучи Северна Македонија, објави денеска на Твитер американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

„Бајден ѝ нагласил на Фон дер Лајен дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, подвлекувајќи го нејзиното значење за регионалната стабилност, развој и просперитет’, стои на Твитер налогот на амбасадорката Брнз.

Како што се наведува во соопштението од Белата куќа, Бајден вчера, во разговорот со Фон дер Лејен, ја потврдил неговата поддршка за Европската унија како клучен партнер за САД, како и неговата посветеност да продолжи со спроведувањето на резултатите од јунскиот самит САД-ЕУ.

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата

Лидерите, меѓу другото, разговарале и за Западен Балкан, при што Бајден изразил „силна поддршка за продолжување на  пристапниот процес со земјите од овој регион“.

- Реклама -