Споменикот за кој реагираше Бугарија бил приватен гpoб, плочата ја сменил член на семејството

Надгробната плоча посветена на војводата Велко Скочивирчето и осум негови соборци од 1904 година, која се наоѓа во делот на гробните места во атарот на црквата Архангел Михаил во село Клепач, Прилепско, а за која Бугарија пред неколку дена реагираше со протестна нота, била заменета од член на семејството на војводата а во договор со црквениот одбор на црквата, при што тој на своја иницијатива и по своја волја одлучил да ги смени содржината и јазикот, информира денеска Министерството за надворешни работи, како одговор до Бугарија.

Како што велат од МНР, спроведената истрага и соодветна постапка од Управата за заштита на културното наследство и МВР, заедно со Основното јавно обвинителство, покажала дека надгробната плоча не потпаѓа на ниту еден статус на заштитено културно обележје или природна реткост, туку се работи за приватен гроб и надгробна плоча.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Од МНР апелираат да не се злоупотребуваат ваквите приватни постапки.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија упатува апел на ваквите лични и приватни акти да не им се стават политички и идеолошки насоки, кои, пак, потоа ги оптоваруваат напорите на двете држави за унапредување на меѓусебните односи, ја нарушуваат меѓусебната доверба и го отежнуваат напредокот на добрососедските односи.

За процесот на изнаоѓање заедничко решение во насока на деблокирање на процесот на интеграцијата во Европската унија, двете страни искажуваат јасна волја и решителност за соработка и ваквите лични и поединечни случаи не треба да ги загрозат овие напори“, се вели во реакцијата.

- Реклама -