Георгиевски: Уште во 2001-ва ќе го сменев името во Северна само за надворешна употреба, но тогаш СДСМ протестираше

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски уште во 2001 година бил подготвен и било негова идеја да го смени името на државата во „Северна Македонија“, и тоа само за надворешна употреба, но тогашната СДСМ организирала протести против промена на државното име, изјави тој вечерва во гостување во „Клик Плус“ на „ТВ21“.

„Јас бев подготвен тогаш, и внимавајте, тогаш ќе беше само за надворешна употреба. И требаше само БЈРМ да се замени со Северна Македонија. Северна или Горна, уште не беше дефинирано од грчка страна“, рече Георгиевски.

Според него, и Никола Груевски во 2008 година имал можност да го смени името само за надворешна употреба, но одбил. Георгиевски прашува „кои се тогаш вистинските патриоти“, бидејќи според него, доколку се направело тоа, сега Македонија ќе беше членка не само на НАТО, туку и на ЕУ. Целата изјава ТУКА.

Прочитајте и:  Филипче: Не можам да објаснувам потекло на пари за нешто што немам, немам ниту хациенда, ниту луксузно возило
- Реклама -