Расел: Очигледно, во Ред Бул на моменти се непромислени и безмилосни кон возачите

Возачот на Вилијамс – Џорџ Расел, направи споредба меѓу тоа каков беше третманот на неговиот иден тим од 2022 година – Мерцедес, со тоа како Ред Бул ги третира своите млади возачи.

 

„Многу сум среќен што Мерцедес ми даде можност да учам. Очигледно, начинот на кој во Ред Бул работат на моменти е мошне непромислен и безмилосен, затоа и сум многу благодарен што ја имав оваа шанса да учам, да се надоградувам и развивам“, рече

„Секој возач сонува да влезе во Формула 1 и да победи од првиот ден, но кога се соочувате со најдобрите во оваа работа, тоа понекогаш не излегува така. Сега во оваа позиција се чувствувам мошне силен, дури и ако малку заостанувам зад потребното темпо во новиот тим, се чувствувам доволно ментално силен да не дозволам тоа да ми влијае. Знам дека ќе стигнам до потребното ниво.

Кога ќе го достигнам тоа ниво, сѐ уште не знам, но мислам дека сум доволно зрел и возрасен за да се справам со тоа, за разлика од пред една или две години, кога веројатно немаше да сум“, изјави 23-годишниот Британец.

- Реклама -