Си Џинпинг: Конфронтацијата меѓу Кина и САД ќе го загрози целиот свет

Пекинг, 10 септември 2021 (МИА) – Конфликтот меѓу Пекинг и Вашингтон може да претставува опасност не само за двете земји, туку и за целиот свет, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот колега Џо Бајден.

„Веќе извесно време, американската политика кон Кина доведе до сериозни проблеми во кинеско-американските односи. Тоа не е во најдобар интерес за народите на двете земји и заедничките интереси на сите држави во светот, истакна Си Џинпинг“, цитиран од Кинеската државна телевизија.

Според него, Пекинг и Вашингтон мора да покажат политичка волја и одговорност и што поскоро да ги вратат своите односи на патот на нормалниот развој.

„Пекинг е подготвен да започне дијалог и посветеност кон Вашингтон во борбата против климатските промени и пандемијата на коронавирус, како и во економското закрепнување и решавање на светските проблеми“, додаде кинескиот претседател.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг
- Реклама -