Стоилковски за кандидатите на СДСМ: Стари и истрошени кадри, небитно дали како градоначалници или на други функции

„Кандидатите кои СДСМ ги предложи се стари истрошени кадри, небитно дали како градоначалници или функционери на други позиции. Онаму како што СДСМ сака да прикаже нови луѓе, поставува стари кадри познати по сменети и по десетина функции“, изјави денеска на партиската прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ – Наум Стоилковски, додавајќи дека со денес претставените имиња СДСМ се забетонирала на дното.

„На пример, Горан Сугарески за Прилеп или Душко Весковски не може да биде ново лице, кога е веќе познат како лош директор на ЈП Водовод и канализација Скопје. Нови луѓе не се ниту кандидатите за Јегуновце, Брвеница, Чешиново и Облешево и Свети Николе“, рече Стоилковски.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДСМ има недостаток на квалитетни луѓе, па затоа избира лица за пораз, а тоа, велат, е и причината за, според нив, расколот во СДСМ.

Прочитајте и:  Ковачки: Зар Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија, тоа е надвор од разумот

„Колку и да се вешти во измамите СДСМ, ова нема да им успее. Старите и истрошени лица, сите кандидати на СДСМ за спас на криминалот на Зоран Заев. За 4 години градоначалниците од СДСМ, поголем број и сега кандидати, немаат реализирано ни една петтина од нивната предизборна програма. Во 4 години кадрите на СДСМ само ги задолжија нивните општините. И можеби сите се стекнаа со прекарот ‘комшија’ заради системот стан за секоја маркица за зграда. Со вакви луѓе општините не можат да очекуваат развој“, порача Стоилковски.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, истакна тој, нуди нова надеж, нов план и нова стратегија и чесни професионалци и луѓе кои стојат до дадениот збор.

- Реклама -