Сузука, 18 август 2021 (МИА) – Поради тековните компликации со Ковид-19, трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука се откажува.
По дискусиите со Ф1 и промоторот на настанот Сузука, Владата на земјата донесе одлука да го запре настанот од 8 до 10 октомври, втора последователна година во услови на пандемија.
Како што велат од Формула 1, има голем број на опции за пополнување на празно место во календарот, а распоредот на последната сезона се очекува да биде објавен во наредните недели.
Јапонија беше 17. трка по ред во годинашниот Ф1 календар, од вкупно 23 колку што се планираа.
Formula 1 Statement on the 2021 Japanese Grand Prix pic.twitter.com/KzhQxLTBzA
— F1 Media (@F1Media) August 18, 2021