Вархеји доаѓа во Скопје со 4.680 дози од вакцината на „Фајзер“

Од посетата на Србија

Со донација од 1170 дози од вакцината на Pfizer и BioNTech, eврокомесарот за проширување – Оливер Вархеји, вечерва во Белград ја започна турнејата низ земјите од Западниот Балкан по повод почетокот на испораките на вакцините финансирани од ЕУ.

Како што веќе објавивме, Вархеји во овие три дена лично ќе ги посети сите западнобалкански земји, за да порача дека ЕУ не го заборавила регионот. Оттаму, утре еврокомесарот доаѓа во посета и на Скопје, при што ќе донесе, како што објави МИА, 4.680 дози од вакцината на „Фајзер“ и „Био Ен Тек“. Исто толку ќе добијат и Косово и Албанија, додека Црна Гора ќе добие 2.340 дози, а БиХ – 10.530 дози.

За потсетување, ЕУ за регионот, настрана од вакцините од Ковакс механизмот, обезбеди вкупно 651.000 дози на „Фајзер“, од кои 119.000 се резервирани за Македонија. Истите ќе бидат испорачувани на  неделни рати, сѐ до август. Албанија ќе добие вкупно 145.000,  Косово – 95.000, Црна Гора – 42.000, а Србија – 36.000 дози.

- Реклама -