Николоски: Единствен вмешан во аферата „Мафија“ со кого Мицкоски имал контакт, е Зоран Заев

Информацијата дека Мицкоски имал контакти со некој од уапсените во случајот „Двојник“, или како што опозицијата го нарекува – афера „Мафија“, е смешна, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски.

Според него, СДСМ неколку дена по ред пласира класичен фејк њуз, односно целосно лажни вести, а со цел да ја сокрие својата одговорност, мислејќи дека ќе ја дефокусира јавноста.

„Единствен со кого претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, имал контакт изминатиов период, а кој што можеби е поврзан со овие работи, е Зоран Заев“, одговори Николоски, откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во „Утрински брифинг“ рече дека еден од уапсените бил во секојдневен контакт со Мицкоски.

Прочитајте и:  Николоски: За 2 до 3 години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија

„Ако Оливер Спасовски мисли на Зоран Заев, тогаш да, имаа контакт. Видовме сите, имаше лидерска средба“, рече Николоски.

- Реклама -