МАНУ сигурно ќе добие „Северна“ – „Преспанскиот е закон, а законот мора да се почитува“, вели Заев

„Преспанскиот договор е закон. Тој е ратификуван во парламентот и тоа е закон“, изјави премиерот Зоран Заев, прашан за одбивањето на МАНУ да се преименува согласно Преспанскиот договор.

„Ние, кога МАНУ побара да се повлече законот, океј, не прашавме ни зошто, ни како, тие ги повлекоа измените на законот. Но, законот мора да се почитува. Имаме временски рокови кои се определени за промена на името на сите институции коишто примаат пари од буџетот на државата. МАНУ е една од тие институции“, рече Заев.

Според него, најдено е многу убаво решение (*да се задржи кратенката МАНУ) во разговор и договор со Грција.

„Верувам дека треба да се почитува и примени законот и овде. Низ разговор верувам дека ќе се најде решение и за оваа работа“, истакна премиерот.

Допрашан дали тоа значи дека и МАНУ сигурно ќе ја добие придавката „Северна“ во името, Заев потврди:

„Закон е закон, мора да се почитува и никако поинаку“.

- Реклама -