„И јас и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош“, се огласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, откако бугарската новинска агенција БГНЕС, со сериозна ментална гимнастика, стигна до заклучок дека Мицкоски е женет за Бугарка.
„И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси“, додава Мицкоски, кого агенцијата го опишува како еден од најзаколнатите противници на сѐ што е Бугарско“.
„Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту ‘браќата и пријателите’ на Заев кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана“, додава лидерот на најголемата опозициска партија.