Интернационална убавина (втор дел)

intro_ubavina_2_del.jpg Во вториот дел од приказната за најубавите жени во светот патуваме во Холандија, Русија, Италија, Индија, Шпанија…

Холандија – Doutzen Kroes
doutzen_kroes.jpg 
doutzen-kroes.jpg 
doutzenkroes.jpg 

Девојка од легендарните ревии на Викторија`с сикрет која во 2005г. читателите на Vogue ја прогласија за модел на годината. Таа е заштитно лице на Лореал, се фотографираше за календарот на Пирели 2008, а во април годинава се искачи на 5 место на најплатени модели со годишен приход од 6 милиони долари.

Италија – Federica Ridolfi
federica.jpg 
federicaridolfi1.jpg 

federica_ridolfi.jpg  

Федерика е модел и како што тоа вообичаено оди во Италија, водителка и танчерка на ТВ шоу. Интересно е што оваа убавица се појавува во емисија посветена на фудбалот.

Австралија – Miranda Kerr
kerr-miranda.jpg 
miranda_kerr_.jpg 
miranda-kerr.jpg 

Миранда е првата австралијка која се појавила на ревиите на Викторија`с сикрет, а заедно со неколку колешки од тие ревии гостуваше во хит серијата Како ја запознав мајка ти. Во 2007 година најави дека пишува книга за градење самодоверба кај тинејџерките, па останува да чекаме да покаже уште еден од своите таленти.

Индија – Aishwarya Rai
a_rai.jpg 
aishwarya_rai.jpg 
aishwarya-rai-.jpg 

Сигурно веќе ја знаете кралицата на Боливуд која беше мис на светот во 1994 година. Мислите дека е чудно што целиот свет полуде по индиски филмови? Тоа е затоа што Раи ја хипнотизира публиката со неверојатно убавите очи.
Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Шпанија – Ariadne Artiles
ariadne_moda.jpg 
ariadne-artiles.jpg 
ariadne_artiles.jpg 

На 16 години стана финалистка на Elite Model Look, па ги остави на страна амбициите да стане психолог и продолжи да напредува во модниот свет. Од Axe до La Perla, нема кој не ја сака во својата рекламна кампања.

Англија – Наоми Кембел
naomi_v.jpg 
naomi-2.jpg 
naomi_campbell.jpg 

Има 38 години, над 500 насловни страни и уште толку бивши момчиња и скандали поврзани со нејзинат агресија, но црната убавица нема намера да запре. Се обиде да стане политички новинар, а оваа година гостуваше и во една епизода на Ugly Betty. На Наоми сè й се може!

Русија – Natalia Vodianova
vodianova7.jpg 
natalia_vogue.jpg 
natalia_bremena.jpg 
-natalia-vodianova.jpg

Наталија има 26 години, но нејзиното бебешко лице кое ја вивна на врвот од модниот свет, останува непроменето. Заработува 4,5 милиони долари годишно и постојано ја вбројуваат на листите на најдобрите модели на сите времиња. Таа е мажена и има три деца, а за Vogue позираше бремена и во друштво на ќерката Нева.


Интернационална убавина прв и трет дел

- Реклама -