Во САД размислуваат со една доза на „Модерна“ да вакцинираат по двајца

Американската влада, во разговор со Агенцијата за храна и лекови (FDA) и производителот на вакцината, размислува дел од луѓето да ги вакцинира со само половина доза од вакцината против Ковид-19 на Moderna, соопшти директорот на федералната програма за вакцинација – Operation Warp Speed – Монсеф Слуи. Целта би била да се забрза вакцинацијата, односно да се вакцинираат што повеќе луѓе за што пократко време.

Вакцината на Moderna, исто како и на Pfizer, се дава во два наврати. Според Монсеф, меѓутоа, половина доза би го имала истиот ефект:

„Знаеме дека со вакцината на Moderna, со давање на половина од дозата на луѓе на возраст од 18 до 55 години, на двапати по половина од двете дози, ќе значи токму постигнување на целта за имунизација на дупло повеќе луѓе со дозите што ги имаме“, изјави Слуи, пренесува Reuters. „Знаеме дека предизвикува идентичен имунитетски одговор како целата доза“, додаде тој.

Засега од Moderna и FDA сѐ уште нема коментар.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Според Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), до саботата утрото во САД биле дадени 4.225.756, а дистрибуирани речиси 13.1 милиони вакцини. САД исто така ги имаат одобрено и вакцините на Pfizer. Засега, вакцинацијата заостанува зад првично проектираните цели, со оглед дека властите се надеваа да имаат вакцинирано 20 милиони луѓе до крајот на 2020 година.

Сепак, Слуи е оптимист дека вакцинацијата ќе продолжи да забрзува. Тој не ја прифаќа сугестијата дека не треба да се чуваат вакцини за втората доза, туку наместо тоа, со моменталните количини еднократно да се вакцинираат што повеќе луѓе. Како што рече тој, поделбата на вакцината на „Модерна“ на половина доза е „поразумен пристап кој се темели на факти и податоци“.

Во однос на самата ефективност на вакцината, конкретно на делот дали ќе спречува вакцинираното лице да го пренесува вирусот на други, Слуи прогнозираше дека тоа ќе биде познато не порано од крајот на пролетта.

- Реклама -