Заев: Ставот на СДСМ е став на целиот наш народ, добро е што Бугарија тоа го знае

СДСМ ги користи сите свои седници, посебно во изминатата година, за градење ставови по сите прашања, посебно по прашањето на нашата европска интеграција и нашата поставеност кон соседите, во случајов со Бугарија. Така било и за Преспанскиот договор, и за потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, така е и сега – изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Стадион“ на радио „Канал 77“, прашан за повиците и барањата органите на партијата да изградат конкретен став за актуелните случувања на релација со Бугарија, а кои следуваа по неговото интервју за бугарската БГНЕС.

Заев потенцираше дека партискиот став е ист со националниот став во државата, односно е ист со ставот на Владата, ставот на Парламентот, ставот на претседателот на државата и на сите граѓани – а тоа е дека за македонскиот идентитет и јазик не се преговара.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Прашан дали ќе има Централен одбор конкретно за ова прашање, Заев одговори:

„Централен одбор се држи редовно и на последните седници под актуелни политички прашања, коешто е секогаш прва точка, се дискутираат актуелните политички прашања, а од ова поактуелно здравје, само ковидот е поактуелен. Но дефинитивно, тука тоа е издискутирано. Нашите црвени линии или линиите на коишто не се прави никаков исчекор, дебата или дилема, се идентитетските прашања – македонскиот народ и македонскиот јазик, и добро е што Бугарија тоа го знае, затоа што не е само став на СДСМ, тоа е став на целиот наш народ“.

- Реклама -