Апасиев: Можен е компромис со Бугарија, но по примерот на оној со Грција…

„Левиот патриотизам е еден од нашите водечки принципи, а како што стои во нашата политичка платформ, тоа е концепт околу кој сакаме да ги обединиме сите работници во Македонија, без оглед на нивната етничка припадност, како предуслов за обновување на суверенитетот на државата, а со самото тоа и создавање услови за нивно класно ослободување“, истакнува пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев, во интервју за „Преокрет.инфо“, кој самиот се претставува како регионален портал.

„Потребата за левичарски патриотизам станува особено важна во сегашниот историски момент во кој се наоѓа Република Македонија, каде силите на империјализмот, преку геополитички притисок, имаат тенденција да го негираат македонскиот национален идентитет.

Оттука, Левица, како прогресивна партија, се залага за национално ослободување на Македонија од стегите на империјализмот и оживеаниот националшовинизам на своите соседи, и враќање кон темелите и идеалите на АСНОМ“, објаснува Апасиев.

Во поглед на ова, прашан дали е можен договор со Бугарија, која бара да отстапки од аспект на македонската историја и националниот идентитет, пратеникот на Левица во прв план го доведува легитимитетот на преговорите:

„Да ја оставиме за момент на страна суштината на таканаречените договори со нашите соседи Грција и Бугарија, кои се класична фашистичко-шовинистичка уцена против Македонија, како и грубото нарушување и кршење на нејзиниот суверенитет како држава; а договорот со Бугарија е и порекнување на нејзиниот национален идентитет, јазик и класична ревизија на историјата, што понекогаш доведува до таков апсурд што потсетува на надреалистичка уметничка фантазија.

Така што, дури и ако сѐ ова го оставиме на страна, вие, за да би постигнале било каков договор во име на народот и истиот, на крајот, да би го примениле, морате да имате демократски легитимитет.

Меѓутоа, сегашната влада нема таков легитимитет! Да потсетиме, организиран е манипулативен референдум (со сите неправилности и незаконитости) заради прифаќање на договорот со Грција, кој не беше успешен, односно не е постигнат уставниот праг за негова валидност и, со самото тоа, не е донесена одлука за прифаќање на новото октроирано име ‘Северна Македонија’.

Тогаш извршната власт одлучи тоа да го направи во парламентот, но, сфаќајќи дека ни таму нема доволна поддршка, прибегна кон уцени, закани и подмитување на некои пратеници (дури осум пратеници од опозицијата застанаа на страна на владата). Имаше случаи каде некои од овие пратеници како доказ си ги сликаа палците додека притискаат ‘ДА’ на копчето за гласање“, потенцира Апасиев.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

На крајот, сепак, тој оценува дека компромис со Бугарија „е можен“, но со однапред познат исход:

„Имајќи го сето ова во предвид, сметам дека со Бугарија може да се постигне компромис, но по примерот на оној со Грција – односно, на штета на Македонија. Тоа е резултат на нашата сервилна меѓународна политика без достоинство и на слабиот капацитет на нашите дипломати“, категоричен е претседателот на Левица.

Во интервјуто, Апасиев беше прашан и да го оцени „меѓуетничкиот соживот“ кај политичките партии:

„Да, можеби така изгледа отстрана (дека ‘и покрај постојаните меѓунационални тензии, се чини дека Северна Македонија е пример дека партиите кои имаат разнолик национален состав можат успешно да соработуваат во рамки на демократските установи и во корист на граѓаните, што се потврдува од составот на новата влада, во која влегоа и две албански партии’, според порталот), но оние кои живеат во Македонија совршено добро знаат дека тоа воопшто не е така. Пред сѐ, би сакал да забележам дека ова не е ‘различит национален состав’, туку различен етнички состав на Владата. А исто така би нагласил дека нивната меѓусебна соработка не е во корист на граѓаните. Имено, ‘успешната’ соработка на сегашните коалициони партнери се одвива во рамките на партиската поделба на пелнот, која коалиционите партнери ја прават додека ја спроведуваат извршната власт, како што се: тендери, работни места во администрацијата, уживање во благодетите на високите административни позиции, и една од најважните точки на нивната соработка е успешното меѓусебно прикривање на криминалот и корупцијата, како и одлична соработка во остварувањето на империјалистичките интереси и омаловажувето на македонскиот народ во корист на другите“, констатира претседателот на Левица. Остатокот од интервјуто можете да го прочитате ТУКА.

 

- Реклама -