Дури и да попуштиме, Бугарија пак ќе нѐ блокира – смета д-р Литовски, историчар од комисијата

Во актуелната ситуација, кога од секаде се појавуваат аматери историчари, се слушаат секакви глупости и се создава општа атмосфера на притисок, најдобро е човек да не се возбудува премногу за она што го слуша на тема историја, оценува д-р Александар Литовски, историчар од Заедничката експертска комисија со Бугарија, во интервју во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Во спорот со Бугарија, смета тој, проблемот е поголем од оној што јавно се зборува:

„Никому не му е сеедно друг да му ја толкува историјата. Овде кај нас не се работи само за Втора Светска Војна. Бугарија го има Санстефанскиот сон и секогаш ќе ја тера таа политика. Дури и ние да и попуштиме, по 6 месеци ќе следи нова блокада. Тие имаат геостратешки цели поврзани со Санстефанскиот сон. Според тоа, решението не е во попуштање на барањата на Бугарија и тие што ја знаат историјата на бугарската политика ќе го потврдат ова што го говорам… Крајната цел на бугарската политика е освојување на Македонија“, вели историчарот.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Според него, национализмот е во пораст и во Европа, а претставата за ЕУ без граници во пракса не постои. Официјалната бугарска политика оди уште подалеку, бидејќи „сѐ е во филмот на големобугарскиот сон“, оценува тој.

„Ако признаеме дека имаме бугарски корени, е исто како да речеме дека сега сме Бугари. Историјата е дел од националниот идентитет“, категоричен е Литовски. Целиот разговор со него погледнете го во видеото, ТУКА.

- Реклама -