САД ги повикаа Македонија и Бугарија да ги решат споровите надвор од пристапниот процес

САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови надвор од пристапниот процес, за да се постигне заедничката цел за членство на Северна Македонија во Европската Унија, пренесува „Гласот на Америка“.

Од Стејт департментот на САД велат дека се јасни во нивната желба да видат кандидатурата на Северна Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на годинава, а воедно ги поздравуваат и напорите за преговори.

Од Стејт департментот порачуваат дека процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет низ регионот, а неговото одложување – обратното:

„Одлуката на ЕУ во март – да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија, беше позитивен чекор и го негираше лажниот наратив дека трансатлантската заедница го запоставила Балканот.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Одложувањето на пристапот на овие држави во ЕУ ризикува да се обноват прашањата за кредибилноста на ЕУ во регионот“, изјавил портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка“, потенцирајќи дека САД се силен поддржувач на евроатлантската интеграција на Западниот Балкан.

- Реклама -