„Како мисли ЕУ да не се меша во тоа што ѝ го прави Бугарија на Македонија? Не е наша работа, ваша работа е!“

Пишува Горан Михајловски за „САКАМДАКАЖАМ.мк“

Како мисли Европската унија да не се меша во тоа што ѝ го прави Бугарија на Македонија? Па срамота е за ЕУ кога вика „Тоа си е ваша работа!“. Не е наша работа. Ваша работа е кога ваша земја-членка негира темелна цивилизациска придобивка како што е антифашизмот. Бугарија со уценувањето на Македонија дека нема да ѝ дозволи почеток на преговорите со ЕУ го прави токму тоа. А Европската унија ќе ѝ дозволи на Бугарија да ја блокира иднината на Македонија затоа што Бугарија не може да се соочи со своето фашистичко минато.

Со оглед на големината и популацијата, луѓето од Македонија дале голем придонес во антифашистичката борба и во темелите на чии вредности сега се заснова Европската унија, со чија поддршка над нас се изживува Бугарија. Ние уште од 1941 сме биле на страната на правдата и правдината, за разлика од бугарската власт која три години била на страната на фашизмот. Се свртеле со победниците дури во 1944.

И сега од Софија, вицепремиерката на земја-членка на ЕУ Екатерина Захариева, од позиција на сила што ѝ ја даваат останатите 26 земји членки ќе ни држи лекција: „Како ние што ја признаваме реалноста, така и тие мора да го признаат минатото“. Кое минато? Антифашизмот не е историја. Антифашизмот е реалност. Со која историја да се соочиме? Со таа со која тие одбиваат да се соочат?

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана

Оти другиот вицепремиер пак, Красимир Каракачанов, како министер за одбрана ќе испраќа војска да ги менува плочите на спомениците од Втората светска војна и борбата на партизаните. Ќе ги менува зборовите „бугарски фашистички окупатор“ со „бугарска администрација“. Дури и да дошле со помош на Хитлер во 1941 како администрација, Бугарите тука биле фашистичка администрација. И три години додека „администрирале“ ги убивале македонските антифашисти.

Ќе биде срамно од ЕУ ако ѝ дозволи на Бугарија во име на историјата од која се срами, да ја уништува иднината на Македонија. Ќе биде срамно, затоа што ова што Бугарија ѝ го прави на Македонија е навреда за антифашистичката борба во цел свет… Целиот текст прочитајте го ТУКА.

- Реклама -