По 428-те новодијагностицирани случаи на Ковид-19 во последните 24 часа, бројот на активни случаи во земјава се искачи на 5.555, според статистиката од Институтот за јавно здравје. По градови, состојбата изгледа вака:
• Скопје 9854, активни 2655
• Куманово 1973, активни 218
• Дебар 309, активни 50
• Штип 1443, активни 160
• Прилеп 925, активни 227
• Тетово 1722, активни 291
• Струга 749, активни 79
• Велес 429, активни 96
• Битола 467, активни 155
• Охрид 510, активни 89
• Кавадарци 321, активни 89
• Гостивар 1028, активни 97
• Гевгелија 267, активни 143 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 580, активни 360
• Крива Паланка 176, активни 60
• Радовиш 170, активни 72
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 567, активни 205
• Пробиштип 139, активни 24
• Демир Хисар 65, активни 4
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 53, активни 9
• Берово 164, активни 41
• Валандово 82, активни 50
• Виница 150, активни 49
• Делчево 210, активни 114 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 31, активни 7
• Свети Николе 423, активни 59
• Кичево 416, активни 78
• Ресен 201, активни 38
• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Од активните случаи во главниот град, најмногу има во Аеродром – 538, но сериозни бројки има и во Карпош и Центар, со над 430 активни случаи. Распределбата во Скопје изгледа вака:
• Чаир – 118
• Гази Баба – 282
• Аеродром – 531
• Карпош – 437
• Центар – 448
• Кисела Вода – 312
• Ѓорче Петров – 208
• Бутел – 107
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 4
• Сарај – 16
• Арачиново – 7
• Илинден – 36
• Сопиште – 20
• Чучер Сандево – 8
• Петровец –16
• Зелениково – 8
• Странец – 12
• Нераспределен- 70
Според податоците од Министерството за здравство, утрово во болниците имало вкупно 475 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата. Со тоа, четврти ден по ред во болниците има над 450 пациенти, почнувајќи од 15 октомври – кога за првпат достигна оваа бројка достигна 461, па потоа 470 на 16 октомври, па 452 вчера.
Во последните 24 часа на Инфективната клиника примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 56 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 223, позитивни и сомнителни на Ковид-19.