Мицкоски: Нека се навикнат да ја гледаат ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот на улиците

ВМРО-ДПМНЕ ќе изврши притисок врз власта за укинување на поскапувањето на струјата, но и за политиките што не им одат во прилог на граѓаните, увери лидерот на партијата – Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Бизнис поенти“ на ТВ „Алфа“.

„ВМРО-ДПМНЕ и коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ е народна коалиција и практично сите оние неправди кои се нанесуваат на народот ние ќе го артикулираме заедно со народот и ќе го поддржиме народот на улиците, а паралелно со тоа ќе се бориме во институциите заедно со сите останати опозициони партии кои што исто така сакаат да рефлектираат и артикулираат опозициони ставови кои што мислат дека сето ова што го прави оваа мафија на власт е погрешно и дека е спротивно на интересите на граѓаните. Така што ќе треба да се навикнат да го гледаат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи партијата на улиците заедно со народот“, рече Мицкоски.

Тој го повтори повикот до сите поединци и невладини организации со антивладини ставови, без разлика на етничката припадност, да се придружат на протестите, бидејќи она што го прави власта, според него, е спротивно на интересите на граѓаните:

Прочитајте и:  Ковачки: Зар Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија, тоа е надвор од разумот

„Да ни се придружат да се обединиме затоа што само така можеме заедно сите обединети и посилни да го бутнеме ова што денеска ни се случува во државата“, истакна Мицкоски, додавајќи дека сето она кое е од интерес на граѓаните, а без разлика дали доаѓа од власта или доаѓа од опозицијата, од другите опозициони партии, тие ќе го поддржат.

На обвинувањата од страна на СДСМ за водење на деструктивна политика, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека опозицијата е конструктивна, но ја повика власта и таа да биде конструктивна и „да не забегува во удопствата кои што мисли дека во моментот ги ужива“.

Тој критикуваше дека и по два месеца власта сѐ уште не успеала да формира и да има функционален парламент, а ако продолжат вака, предупреди Мицкоски алудирајќи на протестите што ги предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе немаат ниту функционални улици.

 

- Реклама -