ВМРО-ДПМНЕ: Струјата поскапе заради желбата за пари на СДСМ

„СДСМ преку партиските активисти Марко Бислимовски и Панче Орцев ја контролира РКЕ. Бислимовски и Орцев не работат за интересите на народот, туку за интересите на партијата. Покачената цена на струјата е резултат на желбата за пари“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот плаќа поскапа струја за да може струмичка агенција за обезбедување да испумпува десетици милиони евра од универзалниот снабдувач на електрична енергија, камиони со струмички регистарски таблици да вртат во РЕК, а финансиерите на СДСМ да добиваат тендери за ископ на јаглен од 6.4 милиони евра.

Енергетските компании во државна сопственост се користат за грабеж на народот, преку нив се исполнуваат десетици милиони евра на приватни сметки. Додека Заев полни џеб, народот нема ни за леб“, тврди опозицијата.

Прочитајте и:  РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Според нив, СДСМ ја тоне Македонија, а тоа што „СДСМ не ја менува одлуката“, иако целиот народ е против поскапувањето, е показател дека на владејачката партија поважен ѝ е профитот отколку народот.

„Заев и СДСМ не се решение за проблемот, тие се проблемот. Криминалот, мафијата и владата – кои се едно исто во Македонија, мора да паднат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -