„Гоце е столбот на македонизмот“ – порачува Мицкоски, „Мицкоски е спротивност на идеалите на Делчев“ – порачува СДСМ

„Бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е на спротивната страна на идеалите на великанот и борец за социјална правда, Гоце Делчев. Тие двајца никако не можат да одат заедно.

Тоа, му го порачаа и граѓаните на изборите на 15 јули. Токму во градот Делчево Мицкоски убедливо беше поразен со над 1.000 гласа разлика“, порачуваат од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, најави протест во вторник (15 септември) за да биде испратена порака до власта дека Гоце Делчев, кој е тема на преговори на бугарско-македонската историска комисија, е црвената линија.

„Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови.

Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно. Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат“, напиша Мицкоски на Фејсбук, најавувајќи го протестот во вторник во 18:30 часот, кој ќе започне кај Министерството за правда, мостот “Гоце Делчев”, до МНР.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

„Ова е протест на народот, целта е ЗА ЕУ, ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗА ДЕЛЧЕВ. Гоце е црвената линија за нашето достоинство.
Се гледаме“, порача Мицкоски.

„Ако Мицкоски не успеа да ги убеди граѓаните на Делчево дека тој е за Гоце Делчев, тогаш бадијала се обидува да глуми пред другите граѓани дека ја разбрал визија и идејата на Делчев. Дали потрчкото на неправдата, Мицкоски, повторно ќе протестира со луксузни возила за борецот за социјална правда Делчев?“, реагираат, меѓутоа, од СДСМ.

„Колку и да му е тешко, Мицкоски треба да знае дека неговите деструктивни политики на се поразени, граѓаните решително испратија порака дека нема му дозволат преку лажен патриотизам и деструкција да ја враќа државата назад“, порачуваат од владејачката партија.

- Реклама -