Апасиев: Ми ја урочивте Алфата!

„Ми ја урочивте АЛФАТА…“, се пожали пратеникот и формален претседател на Левица – Димитар Апасиев, откако до неодамна автомобилот на неговата сопруга беше ултра-актуелна тема во „јавноста“, пред сѐ во круговите што не му се наклонети.

„Некни ми се расипа баш кај пешачкиот пред ТЦ Бисер“, раскажува Апасиев. „И ја, пошто од коли се разбирам само да ги разликуем по боја, поштено си викнав мајстор. И додека го чекав, влегов у тоа пекарата да си купам едно ѓеврече. И си јадам така на тротоаров и си ја глеам Алфава на жена ми, така со сите четири жмигавци, кога ми идат две бабички од зградите околни:

– „Синко, ти да не си оној Апасиев од телевизија“. Еми, тој сум, мајче.
И еднава бабичка ме прашуе: – „Ќе ја опраиме ли дете државава“?
И ја ѝ викам, скроз искрено: – „Ќе ја опраиме тетке, само прво Алфава да ја опраиме“. 😍
p.s. Така започна уште еден прекрасен пратенички ден ✌️“, напиша Апасиев.

Прочитајте и:  Левица: Премиерот Мицкоски и министерот Тошковски го изгубија судскиот спор со Левица

Сепак, дефектот на неговиот автомобил, се чини, не е изолиран случај. Нешто порано, тој се пожали и на низата малери што ги следат не само него, туку и неговиот колега и сопартиец Борис Крмов, и генерално партијата Левица:

„Левица чува пари у Еуростандард банка – банката пропаѓа у стечај!?

Пратеник на Левица си иде со автобус за Штип – автобусот се самозапалува!?

Левица поднесува барање за инспекциски надзор до Инспекторат за животна средина – Инспекторатот е опожарен!?

p.s. Ту да тибам к’сметот. И зајак да нè види, ќе почне да лае. 😁 #ДУИлајкДис“, напиша Апасиев.

- Реклама -