ВМРО-ДПМНЕ ќе го оспори доделувањето на мандатот на Заев пред Уставен суд?

ВМРО-ДПМНЕ размислува и подготвува иницијатива до Уставниот суд со која ќе го оспори доверувањето на мандатот за формирање влада на Зоран Заев. Правниците од партијата веќе започнале со пишување на претставката, пренесува „Курир“.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека претседателот на државата Стево Пендаровски направил сериозна повреда на Уставот со доделување на мандатот без доказ за поседување на парламентарно мнозинство. Од партијата се децидни дека поради тоа во моментов, во рацете на Зоран Заев кој нема мнозинство, мандатот е узурпиран. Прекршувањето на Уставот, пак, велат, Пендаровски го направил за да му купи време на Заев и да му даде простор за непринципиелно купување пратеници.

Кога уставот е повреден Уставниот суд е должен да го заштити и од тој аспект веќе сериозно се разгледува опцијата за преставка до Уставниот суд за таквата одлука на Пендаровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Пендаровски, пак, по средбата на барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, на прес-конференција објасни дека мандатот го доделил затоа што му истекувал рокот од 10 дена според Уставот, според кој е „должен“ да го додели мандатот. Тој објасни дека од ниту еден од лидерите не добил уверување дека има мнозинство, а единствено од Заев добил уверување дека сериозно работи на формирање на парламентарно мнозинство., но дека мандатот го доделил, пред сѐ врз основа на освоените пратенички мандати на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

- Реклама -