Николовски и Заев се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски, информираше дека тој и претседателот на партијата – Зоран Заев, се откажале од средствата кои им следуваат како надомест за патните трошоци.

„Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и наша програмска определба.

За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ – Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци“, објави Николовски на Фејсбук.

Тој ги повика и останатите колеги, од сите партии, да го следат нивниот чекор.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе донесеме нов Кривичен законик, но согласно европските стандарди, а не според нечии потреби

„Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни. #Можеме!“, напиша Николовски.

- Реклама -