Заев: Очекувам масовна излезеност на изборите, со Филипче и оваа влада сме безбедни

„Верувам дека граѓаните ќе излезат во масовен број. Зошто? Бидејќи ако не излезат, ризикуваат враќање на режимот“, претседателот на СДСМ – Зоран Заев, во интервју за националната телевизија „Канал 5“.

Заев додаде дека безбедноста на гласачите не е доведена во прашање, туку дека ризикот е друг:

„Безбедноста на гласачите не е донесена под прашање. Сите знаат дека со Венко Филипче, со оваа Влада, со оваа здравствена комисија дека сме безбедни. Многу поризично е враќањето на режимот, што ќе значи враќање на хаосот во здравството и економијата. Затоа бараме поддршка од граѓаните, на 15 јули да ја поддржат нашата понуда преку глас за бројот 3”, рече Заев.

Прочитајте и:  Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ, најави процес на реформи и обединување
- Реклама -