Нови „бомби“ за Заев: Договор со Мијалков, решение дека сѐ е чисто во Струмица, Шилегов „дрпа пари и си свирка“…

На шест дена до избори, не само што продолжуваат да се објавуваат „бомби“, туку и нивната содржина е сѐ поинкриминирачка за инволвираните. Денеска на Јутјуб каналот „Мијачко Шилеже“ објавени се две нови аудио парчиња од разговорот од кој и претходно слушнавме делови, меѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и непознат соговорник.

Во снимката насловена „Зоран Заев се договарал со Сашо Мијалков“, соговорникот го известува Заев дека Сашо е спремен на договор. Заев на тоа реагира со „Машалаа!“, а потоа вели дека тој лично преговарал со Сашо. Потоа, на соговорникот му вели:

Зоран Заев: Нека пушти решение бе, Финансовата инспекција писмено решение, дека во општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.

ХХ: Добро, чекај да запишам. Значи, да се пушти решение до општина Струмица, од која институција, од кои сектори?

Зоран Заев: Финансова полиција. Дека ги прекинуваат сите постапки на контрола во општина Струмица.

ХХ: Дека ги прекинуваат сите постапки…

Зоран Заев: … на контрола.

ХХ: На контрола. На контрола врз општината Струмица. На Струмица и дека се ѐ регуларно.

Зоран Заев: Сѐ е регуларно, сѐ е согласно закон… Еве, за шо ти викам, нека повлечат сѐ… они ме принудуваат на такви работи. Значи не да заврши да не доаѓаат, туку решение дека е завршено; Океј, нема проблем, нема да го подготвам пакетот да тепам во тој правец и нема проблем. Нека повлечат сѐ со решение и нема да објавам ништо.

Според опозициските медиуми, во снимката се работи за преговори околу „бомбите“. Тогашниот шеф на УБК Сашо Мијалков бара да не бидат објавени разговорите за него, а Заев како противуслуга бара да се повлечат контролите од Струмица и решение дека сѐ е регуларно.

Во втората снимка, Заев се жали дека Шилегов и Оливер излегле директно мавајќи против власта и дека не знае веќе што да очекува во политиката. Соговорникот на тоа коментира дека актуелниот скопски градоначалник, додека бил претседател на второстепена комисија, „дрпал пари и уживал“, а Заев потврдува:

XX: Шилегов? Второстепена комисија. Дрпај пари и уживај, капата на криво и свиркај си.

Заев: Нема дилема околу тоа, да, јасно ми е. Шо бил, како правел, океј…

- Реклама -