Филипче за статусот на Зибери: Таква изјава не му доликува на доктор, ако е можно уште денес ќе биде сменет

Апсолутно е невистина изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје – Арбен Зибери, дека ДУИ и тој лично како член на Комисијата за заразни болести придонеле да бидат отворени границите без протоколите што ги препорачува СЗО (ПЦР тест и 14-дневна самоизолација) за да можат иселениците да се вратат во земјата и да гласаат за премиер Албанец, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

„Ја прочитав изјавата. Прво да кажам дека е апсолутно невистина; прво, директорот Зибери не е член на Комисијата. Ова сметам дека е некаква предизборна реторика, и тоа евтина и лоша, и сметам дека ништо нема да добие директорот со оваа изјава. Целиот овој изминат период Комисијата работи исклучиво врз основа на медицински индикатори – на медицината како наука, на епидемиологијата, и сметам дека ваква изјава не доликува на доктор, а посебно не на човек кој раководи една таква институција“, рече Филипче и најави смена на директорот на ЦЈЗ во најбрз можен рок:

Прочитајте и:  Лефков: Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ

„Јас уште денеска ќе се консултирам со правниците, и доколку во овој период може, директорот денес ќе биде сменет“, додаде министерот за здравство.

Директорот на Центарот за јавно здравје, инаку е  втор на листата на кандидати за пратеници на ДУИ во првата изборна единица и роднина на Насер Зибери – кандидатот на ДУИ за премиер

- Реклама -