Зибери се пофали дека помогнал да се отворат границите и ги повика иселениците да си дојдат за премиер Албанец

Арбен Зибери – Директорот на Центарот за јавно здравје, во статус објавен пред два дена на Фејсбук се пофалил дека придонесот на ДУИ во здравствените политики и тој лично, како член на Комисијата за заразни болести, помогнале да се отворат границите за слободен проток, без протоколите препорачани од СЗО.

Во статусот Зибери им порачува на иселениците дека „родното место ги чека“ и притоа, споменувајќи го слоганот на ДУИ „Pse jo“ („Зошто да не“), ги повикува да си дојдат дома за премиер Албанец:

„Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, пишува Зибери.

Од друга страна, како што посочува „САКАМДАЖАМ“, Зибери не е наведен како член на Комисијата за заразни болести на официјалниот список на владиниот вебсајт koronavirus.gov.mk. Зибери е втор на листата на кандидати за пратеници на ДУИ во првата изборна единица и роднина на Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер, додава порталот.

- Реклама -