Најмалку до 1 јули, жителите на оштините во земјава со голем број новозаразени и активни случаи на Ковид-19 нема да можат да одат во Грција, откако денеска грчкото Министерство за надворешни работи им го забрани влезот во земјата.
Грција, очигледно, не сака да увезува нова епидемија благодарение на своите соседи, па во земјата нема да можат да влезат жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, но и другите општини каде вирусот забрзано се шири.
„Грчкото министерство за надворешни работи ги информира пограничните служби дека до 1 Јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“ стои во соопштението на грчкото МНР, објави „Сител“.
Во изминативе 24 часа во земјава се регистрирани 101 новозаразени, што е вторпат да биде регистрирана трицифрена бројка од почетокот на епидемијата па досега. Повеќе имавме само на 15/16 април, кога беа регистрирани 107 случаи.