Заев: Избopите се решение, а не проблем! Сакаме избopи на кои ќе учествува опозицијата

„Државата ни се наоѓа во крајно комплицирана состојба, пред новиот бран на епидемијата наесен, заедно со сезонскиот грип, за што предупреди и Светската здравствена организација. Со распуштено Собрание, со техничка Влада која имаше мандат за организирање на предвремените избopи на 12 април.

Крајно потребно и одговорно е да се најде решение за избopите да се одржат пред почеток на летото, најмногу заради здравјето на луѓето.

Затоа нашата, мојата порака денеска е: Избopите се решение, а не проблем!“, истакна лидерот на СДСМ – Зоран Заев, по денешниот состанок со Регионалниот избopен штаб во Струмица, на кој присуствуваа и останатите кандидати за пратеници од Избopната единица 4.

„Спроведувањето на избopите бара внимателност и одговорност од секој од нас, при што јасно е дека избopите се единствениот демократски механизам за граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт.

Граѓаните да одлучуваат е врвна демократска придобивка.

Избopите се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и кои ќе обезбедат целосен рестарт на македонската економија.

Избopи треба да се одржат во првиот можен термин, соглacно законските можности и соглacно состојбата со епидемијата.

Денес уште еднаш порачуваме дека сите имаме и обврска и одговорност да водиме прилагодени, контролирани, нов тип на кампањи, со сите мерки на заштита и се разбира, без масовни настани.

Исто така, уверени сме дека институциите ќе ги обезбедат сите превентивни мерки за 100% заштита на граѓаните на денот на глacањето. Набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе биде гаранција дека слободно изразената волја на граѓаните ќе биде легитимна.

На граѓаните им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет, пренесен суверенитет и доделена одговорност за управување со земјата.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Северна Македонија мора подготвено и со 100% капацитет на институциите да го дочека септември.

Да бидеме целосно спремни за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и за очекуваниот нов бран на вирусот.

Функционалните институции се неопходни и за рестарт на економијата.

Здравјето и живеачката на луѓето се најважни, а затоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем и целосни економски механизми за зголемување на потрошувачката на граѓаните и за развој на македонското стопанство.

Ние сакаме избopи на кои ќе учествува опозицијата. Ние имаме силен демократски капацитет, и како и до сега, ќе направиме се опозицијата да си ја преземе својата одговорност. Заврши времето кога опозицијата, во тоа време СДСМ, дознаваше од телевизија кога ќе се одржат избopите. Се разбира, доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес, ние нема да имаме избop освен да ги почитуваме законските рокови на избopниот процес.

Почитувани, оддаваме јавно признание на мнозинството граѓани за почитувањето на мерките за превенција и заштита од вирусот. Свесни сме, ова е тежок период во кој сите заедно се откажуваме од претходните секојдневни навики, изложени на стрес и неизвесност.

Истовремено, изразуваме огромна благодарност до лекарите, здравствените работници, полицајците и сите оние кои деноноќно се борат за нашето здравје.

Борбата со вирусот продолжува. Вирусот е присутен и нема скоро да си замине.

Но, тоа е ‘новата нормалност’. Секојдневно новата нормалност ни кажува дека, додека не се пронајде вакцина, ќе мора да научиме да живееме и да се справуваме со овој невидлив и опасен непријател.

Затоа, уште еднаш апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречат пикови на заразата“, порача Заев.

- Реклама -