Ковид-19 го напаѓа и МВР, полицајци заразени и во самоизолација

Ковид-19 го нападна и МВР, објави на Фејсбук заменикот министерот за внатрешни работи Агим Нихиу.

Како што информира тој, позитивни на коронавирусот се петмина вработени во полицијата, а можна опасност постои и во полициската станица „Петровец“. Нихиу, притоа, ги повика полицајците и вработени да бидат повнимателни во самозаштитата од коронавирусот.

„Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Потврдено дека имаме позитивни 5 вработени во полицијата, додека во Полициската станица “Петровец” постои реален ризик! Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба!“, напиша Нихиу.

Претходно, „Алсат“ објави дека 14 полицајци од полициската станицата во Петровец се во домашна изолација, од кои половина се со висок ризик од заразеност со Ковид-19.

Прочитајте и:  МВР: Пратеници добиле имејл-порака со заканувачка содржина, се преземаат мерки за расчистување на случајот

Според информациите, дел од полицајците имале контакт со лица позитивни на Ковид-19. Од нив, покрај седдумината со висок ризик, кај останатите постоел среден ризик од заразеност.

Според „Алсат“, и во сообраќајната полиција има уште двајца позитивни на коронавирус, со што вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во МВР (досега) изнесува 5 лица, што пак соодветствува со она што го објави Нихиу.

 

- Реклама -