Со лимон против каменчиња во бубрезите

Бубрежните каменчиња претставуваат цврсти делови во бубрезите кои главно се состојат од калциум. Причинители за создавање на бубрежни каменчиња се многу, но главен причинител е храната која го предизвикува излачувањето на калциумот преку урината.

Освен храната која предизвикува излачување на калциум, бубрежните камчиња може да ги предизвикува и храна богата со протеини, која предизвикува создавање на уринарна киселина. Како и да е, бубрежните камчиња се проблем кој мора да се реши. Како на природен начин да се ослободиме од нив?

Пред се за да го намалиме ризикот за појава на бубрежни каменчиња, треба да избегнуваме брза храна, премногу солена храна и храна богата со калциум. Треба да се пијат повеќе течности кои ќе го намалат ризикот од појава на бубрежни каменчиња.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Во едно истражување група научници измешале 0,12 литри лимон во 2 литри вода и им давале на луѓето кои имале проблем со бубрежни каменчиња постојано да пијат. Научниците забележале дека состојбата на болните значително се подобрила, а бубрежните каменчиња престанале да се формираат.

Лимонот содржи во својот состав многу цитрат, што навистина помага во боробата против бубрежните каменчиња. Научниците советуваат да не се засладува туку да се пие на горе наведениот начин без шеќер. Ако евентуално сакате да засладите лимонов сок, користете најдобро мед наместо шеќер – додаваат научниците.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -