Први фотографии на новата Mazda3

На интернет просторот се појавија првите слики на новата генерација Mazda3. Иако ова е само прототип на идната Mazda3, серискиот верзија се очекува да добие многу сличен дизајн.

Тој е направен според новиот дизајнерски јазик Kodo, кој веќе го видовме кај новата генерација Mazda6. Оригинална и препознатлива маска на ладилникот, бадемести издолжени светла и мускулести браници се меѓу главните детали во новиот дизајнерски јазик на Mazda и се очекува тие да бидат задржани и кај серискиот верзија на автомобилот. Таа ќе биде претставена во средината на 2013 година и ќе се најде на пазарот веднаш потоа.

Во понуда и овој пат ќе се нуди во две верзии – седан со четири и хечбек со пет врати. Новата Mazda3, исто како и Mazda CX-5 и Mazda6, ќе добие спакувана според новата технологијата SkyActiv – платформа, мотори и трансмисија. Очекувањата се новата генерација да биде полесна и поекономичен од својот претходник. Ќе има и спортска верзија – Mazda3 MPS, која ќе се појави една година подоцна.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -